Денес сончево време со мала до умерена облачност, температурите до 15 степени
Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, по одделни котлини со појава на магла.
Минималната температура е во интервалот од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.
Следува период на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини ќе има појава на магла. Услови за појава на утринска магла ќе има и во почетокот на следната седмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…