Објавено на:

Денес сончево со минусни температури, врнежи од снег во делови од земјата

t

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста повремено ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, претежно во планинските подрачја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поларен бран со снег го погоди Нов…

Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…

Снег завеа во делови од Балканот

Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…

(Видео) Делови од Бугарија под снег

Делови од Бугарија се разбудија со снег.…

2,5 метри снег наврна на планина во…

Иако календарски веќе започна пролетта, олимписката планина…

Снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…