Објавено на:

Денес Тоше ќе полнеше 43 години: Вечна слава голем човеку!

t

Денес 25.01.2024 изминуваат 43 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен талент, позитивна енергија која зрачеше од миг во миг и секогаш со љубов за сите.

Уметникот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Нашиот Тоше позади себе остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.

Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ