ДЕНЕС ЌЕ ВИ СЕ ИСПОЛНАТ ТРИ ЖЕЛБИ – небото се отвора на полноќ, се прославува третото наоѓање на главата на Св. Јован Крстител

t

Според Православниот календар денес се празнува Третото наоѓање на главата на свети Јован Крстител.

Во времето на прогонството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Емеса.

Оттаму, во времето на нападот на Сарацените таа беше пренесена во градот Комане (каде што беше прогонет светиот Јован Златоуст) и во времето на иконоборството, во 8 век, таа беше сокриена во земја. Кога престана иконоборството, на патријархот Игнатиј за време на ноќна молитва му беше откриено, во видение, местото каде што е скриена чесната глава на светиот Јован Претеча.

Според народните верувања, на овој ден се отвора небото и душите на мртвите одат во рајот. Погледнете го небото вечерва, точно на полноќ, замислете три желби и тие сигурно ќе се остварат во иднина.

Патријархот му кажа за тоа на императорот Михаил, кој испрати луѓе во Комане, и ја најдоа, според видението на патријархот, во 850 година. Потоа чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква, на 25 мај. Дел од чесната глава денес се наоѓа на Света Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…

На штипскиот УГД во првиот уписен рок…

Заврши пријавување на кандидатите за упис во…