Денешните европски лидери се дилетанти и русофоби, вели Медведев
Денешните европски лидери се дилетанти и русофоби, вели Дмитриј Медведев, заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев кој вели дека има два проблеми со кои се соочува Европската Унија.
Според него, тоа се прекумерното зголемување на трошоците за живот и националното понижување. Тој на Европа ѝ предвиде „жален исход“.
Медведев до ова ја коментираше посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на неколку европски земји.
„Преноси во живо, насловни страници на весниците, фотографии со „европските шефови“. Паралелно со тоа, стотици мобилизирани Украинци кои секојдневно гинат, насилно доведени да ги штитат интересите на владејачката нацистичка багра“, порача Медведев на Телеграм.
Според него, „денешните европски „лидери“ се дилетанти и русофоби“.
Зборувајќи за проблемите на Европејците, тој укажа на неколку области.
„Првата е претераното поскапување на трошоците за живот со кое, веројатно, некако ќе успеат да се изборат. Помалку ќе јадат, поретко ќе се бањаат, ќе ја намалат ринглата. А другата е многу полоша. Националното понижување. Старите „вистински“ Европејци тоа, веројатно, и би можеле да го поднесат од „Големиот американски брат“. Кај него се и парите и машината за печатење (судбината на еврото никој не ја знае) и големото оружје, па дури и фалената американска демократија“, оцени тој.
Меѓутоа, како што оцени, „владеењето на тие занесени млади европски лудаци ќе заврши многу тажно за „старата европска цивилизација““.
„Таа и онака се топи пред налетот на емигрантите кои пристигнуваат од сите делови на светот. Наскоро и сосема ќе исчезне, повторувајќи го познатиот мит за Зевсовото грабнување на Европа. Само денес улогата на бикот ќе ја игра дрската Америка на која, со усти отворени од алчност, ѝ служат предавниците на европските интереси како Полска и балтичките земји“, заклучи Медведев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев предупредува на директен судир Русија-НАТО
Последен пат светот беше толку блиску до…
Медведев: Зеленски ги измеша лончињата и си…
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека постои „дезинформациски…
Медведев: „Старата баба“ ЕУ не фигурира на…
Медведев за ЕУ изјави дека не може…
Доаѓаат јавачите на апокалипсата! – Медведев се…
Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност, денеска…
Медведев: Путин нема ни имот ни сметки…
- Рускиот претседател Владимир Путин, како и…