Објавено на:

Доаѓаат јавачите на апокалипсата! – Медведев се закани, следи „тотален напад“

t

Дмитриј Медведев, заменик-началник за национална безбедност, денеска зборуваше за моменталната ситуација во Украина како и за надвор од украинските граници.

Тој изјави дека пристигнуваат „јавачите на апокалипсата“ – со тоа ги предупреди САД да не испраќаат повеќе оружје во Украина. САД неодамна испратија ракетни фрлачи „HIMARS“ на украинската армија.

Медведев им се закани на сите западни сили и на САД да престанат да испраќаат оружје во Украина, во спротивно ќе следи „тотален напад“ од Русија.

Западните медиуми го опишуваат Медведев како човек кој секогаш се согласува со рускиот претседател. Коментирајќи на својот профил на Телеграм, тој рече дека автоматски мрази секој што шири лаги против Русија.

„Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку строги и брутални. Одговорот е – затоа што ги мразам. Мразам секој што шири лаги против Русија. Сакаат смрт за Русија и јас ќе направам се таквите луѓе да исчезнат“, изјави Медведев.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги прошири своите воени планови доколку продолжи масовната испорака на оружје за Украина.

„Јавачите на апокалипсата доаѓаат“, рече тој, алудирајќи на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…