Медведев: Зеленски ги измеша лончињата и си призна дека „Мајдан“ беше државен удар

t

Украинскиот претседател Зеленски тврди дека постои „дезинформациски план“ што Русите го нарекле „Мајдан 3“, за повикување на централниот плоштад во Киев, заради негово соборување. Мајдан беше епицентар на револуциите во 2004 и 2014 година, кога беше соборен Јанукович. Русинот Медведев изјавата на Зеленски ја толкува како признание дека првите две операции „Мајдан“ сепак биле државен удар.

Москва сака да посее поделба во украинското општество и да создаде хаос во земјата, за да го собори нејзиниот претседател, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Укринформ.

Украинската новинска агенција се повикува на американската телевизија Блумберг.

-Нашето разузнавање има информации што ги споделија со нас и нашите партнери – рече Зеленски.

Украинскиот претседател појасни дека станува збор за дезинформациски план што Русите го нарекле „Мајдан 3“ – повикување на централниот плоштад во Киев, што беше епицентар на револуциите во 2004 и 2014 година. Во втората од овие две револуции беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович, потсетува Укринформ.

– Мајдан за нив значи државен удар, така што јасно е која е целта на оваа операција – посочи Зеленски.

Украинскиот лидер, кој ја отфрла идејата за разговори со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека украинската влада нема да се задоволи со проекти за замрзнување на конфликтот во Украина.

Укринформ пренесува дека секретарот на Украинскиот национален совет за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов, смета дека руската Федерална служба за безбедност сака да почне проруски политички проект во Украина.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во петокот изјави дека самото име на операцијата „Мајдан-3“, за која украинскиот лидер Володимир Зеленски ја обвини Русија дека ја подготвува, значи признавање на Киев дека првите две операции „Мајдан“ биле државен удар.

„Шефот на Бандеристан рече дека Русија ја подготвува операцијата ‘Мајдан-3’ во Киев за да го отстрани. Проклетство… Ги измеша сите карти. Она што вреди да се напомене е дека самото име на лукавиот план на московјаните ‘Мајдан -3’ значи признание од Киев дека првите два Мајдани не биле ништо повеќе од државен удар“, напиша Медведев на социјалната мрежа ВКонтакте, пренесува РИА Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…