Денков бара промена на бугарските учебници по историја: Не даваат целосна слика за историските настани
Бугарскиот премиер Николај Денков смета дека училишните учебници за историјата на земјата не даваат целосна слика за историските настани.
„Ако зборуваме за учебници, тогаш потребно е тие да ја прикажуваат историјата онаква каква што била. Во нашите учебници неколку пати сум зборувал за ова, прикажан е само дел од нашата историја, која во одредено (позитивно) светло ги претставува Русија и Советскиот Сојуз.
Вистинската целосна историја ги содржи овие елементи, но содржи и други елементи кои се многу внимателно расчистени [во учебниците], создавајќи одредена индоктринација на нашите деца. Јас бев меѓу нив и ми требаа години да читам други историски книги кои содржеа и други историски документи, вклучувајќи ја и историјата на мирот во Сан Стефано (мировниот договор потпишан по Руско-турската војна од 1877-1878 година, кој ја врати Бугарија назад на политичката карта на светот)“, рече Денков на прес-конференцијата.
За потребата од промена на училишните програми по историја зборуваше и министерот за одбрана Тодор Тагарев, кој изјави дека во историјата на ослободувањето на Бугарија од османлиската власт, Русија често ги следела сопствените интереси на штета на интересите на бугарскиот народ.
„Мораме да можеме да му ја претставиме историјата на бугарскиот народ во нејзината вистинска смисла. Затоа што од колено на колено велат дека Русија е наш пријател и ослободител и треба да и бидеме благодарни за тоа што го направила, иако во историјата често сме биле на спротивни страни во разни конфликти. „Русија, исто така, често ги следеше сопствените интереси на штета на интересите на бугарскиот народ“, рече Тагарев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
Автобус полн со српски туристи излетал од…
Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој…
Болниците во криза, директорите милионери: Огромни примања…
Додека здравствените организации во Бугарија од година…