Денков се правда: Бугарските ракети во Украина се за одбрана, не за напад!
Бугарскиот премиер, Николај Денков, се правда за испраќањето на ракети од Бугарија во Украина, откако Русија возврати со прилично заканувачки одговор. Русите им порачаа на Бугарите да внимаваат што прават.
– „Овие проектили или нивни делови, доколку се користат во Украина, ќе бидат за заштита на градови како Киев, Одеса. Тие се за противвоздушна одбрана, не се нападни ракети, ќе се користат за заштита на луѓето. По сè што видовме во последните година и пол, Русија е последната која може да зборува за почитување на меѓународните договори“, изјави Денков.
„Пренесувањето од Бугарија во Украина на ракети за противвоздушни ракетни системи С-300 во борбената зона ќе доведе до ескалација на конфликтот и невини човечки жртви“, се вели во денешното соопштение на Руската Федерација. Според службата , ова е уште еден обид за грубо кршење од страна на бугарското раководство на неговите меѓународни обврски во областа на контролата на вооружувањето и покрај повторените објаснувања од руска страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…