Денот Д: Русија може да разгледа закон за влез на нови субјекти во Федерацијата на 29 септември
Советот на Руската Федерацијата може да разгледа договор и закон за влез на нови субјекти во Русија на 29 септември, изјави за РИА Новости извор од Советот на Федерацијата.
„Се очекува средба за овие прашања да се одржи на 29 септември“, пренел изворот.
Практично, со донесување на ваков закон Русија ќе го озакони акентирањето на регионите во Украина кои ќе имаат позитивен резултат на референдумите кои се во тек.
Според последните информации излезеноста во Луганск е 45,68%, во Херсон 31,79%, додека за регионите Доњецк и Запорожје се’ уште нема резултати за денешниот ден.
Како што вчера соопштија властите во регионите, над 90% од населението според нив се изјасниле за пристапување кон Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…