Денот на независноста на Македонија одбележан во Тирана

t

Во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана вчера Амбасадата организираше пригодна прослава на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, информираа од Амбасадата.

На прославата меѓу поканетите гости присуствуваа и претставници од македонското национално малцинство, македонските друштва, македонската бизнис заедница, но и новодојдените фудбалери кои настапуваат во албанските фудбалски клубови.

-Во својот пригоден говор амбасадорот Марковски истакна дека патот по кој чекориме не бил и сé уште не е лесен. Но, како што гледаме, во изминатите 31 година успеавме да ги надминеме темните предвидувања и разните црни сценарија, наведуваат од Амбасадата.

Тој нагласил дека е обезбедена стабилност и се создадени услови за натамошен просперитет.

-Горди сме што сме земја членка во многу меѓународни организации, горди сме што сме членка на НАТО и среќни сме што го започнавме процесот на преговори со ЕУ. Ова е потврда на нашата одлука да бидеме дел од западната култура, каде што отсекогаш природно сме припаѓале, рече тој.

Потенцираше дека односите со Република Албанија ги градиме врз основа на меѓусебно почитување и пријателство, истакнувајќи дека соработката во областа на економијата, трговијата, културата и другите сфери од заеднички интерес се во нагорна линија.

-Етаблираноста на македонското национално малцинство во албанската држава и на делот од албанскиот народ во македонската држава се нераскинливата тангента што не поврзува, посочи амбасадорот Марковски во своето обраќање.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…

Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…

Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во…

Во Тирана, за време на студентскиот протест,…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…