Десетици авиони ја напуштија Украина: Зеленски смирува – тој и неговото семејство ќе останат
Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека неговото семејство е во земјата и дека во моментов нема намера да ја напушти.
„Моето семејство е секогаш со мене, секогаш со Украина. Јас сум претседател, мојата сопруга не е само жена, таа е прва дама. И таа мора да покаже со пример како треба да се однесуваат семејствата… Ова е многу важно за земјата и општеството“, рече Зеленски на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Киев.
Зеленски додаде дека само на 13 февруари од Украина полетале 30 авиони.
„Мислам дека (да, во Украина) остануваат доверливи луѓе. Граѓаните на Украина остануваат и сакам да им се заблагодарам“, рече претседателот.
Тој ги повика пратениците на Врховната Рада кои ја напуштија земјата да се вратат во рок од 24 часа.
Треба да се вратат, во спротивно ќе треба да донесеме сериозни заклучоци и државата и раководството“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…