Објавено на:

Десетици руски воени инструктори пристигнаа во Нигер

t

Десетици руски воени инструктори пристигнаа во Нигер како дел од договорот со тамошната хунта, која претходно ги прекина сите врски со западот. Државните медиуми објавија дека Русите донеле и современ противвоздушен систем, кој ќе биде инсталиран во земјата.

Оваа западноафриканска земја е една од неколкуте од регионот Сахел чии воени власти ги зајакнаа односите со Русија во последно време. Портпаролот на воената влада на Нигер изјави дека Русите ќе ги обучуваат нигерските војници.

Паравоената група Африкански корпус, која е во составот на руското министерство за одбрана, објави дека ова е првата група на војници и волонтери која дојде во Нигер.

„Тие се тука за да развиваат воена соработка помеѓу двете земји“, објави Африкански корпус на Телеграм.

Демократски избраниот претседател на Нигер, Мохамед Базум, беше соборен со воен пуч минатата година, по што хунтата ги прекина воените и дипломатските врски со Франција и го отповика договорот со САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НБРМ презеде контрола врз Алта банка во…

Народната банка воведе привремена администрација во Алта…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…

„Не беше трагедија, не беше несреќа, туку…

На комеморативниот собир во Нови Сад, по…

Бојко Борисов: Како граѓанин го поддржувам Ѓуров

„Граѓанинот Ѓуров побара јавно од сите граѓани…

До 15 часот во Брвеница гласале 40,49…

Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од…