Десеттина бездомни кучиња отруени вчера близу училиште во Кичево

t

Десеттина бездомни кучиња се отруени вчера рано наутро во Кичево во непосредна близина на основното училиште „Санде Штерјоски“, пренесе СДК.

Пцовисаните кучиња биле подигнати околу 17 часот. Граѓаните ни кажаа дека вработени во Комуналното претпријатие биле повикани од дома за да ги отстранат пцовисаните кучиња откако на социјалните мрежи излегле снимки, оти беше неработен ден и претпријатието не работеше.

Кичевци згрозени велат дека со години се соочени со опасностите од уличните кучиња, но ниту еден не го оправда ваквиот чин. Претпоставуваат дека сторителот намерно одбрал неработен ден, кога децата не се на училиште, да за може да го изврши овој грозен чин.

Али Лена бил меѓу првите кој ги видел како умираат кучињата и како се борат со отровот во нивните последни мигови од животот. Обидите за помош биле безуспешни, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десеттина бездомни кучиња отруени вчера близу училиште…

Десеттина бездомни кучиња се отруени вчера рано…

(Видео) Митинг за време на изборен молк…

Мини-митинг за време на изборен молк си…

Кучиња во Дебар подбркале белгиски планинари, се…

Во ОВР Дебар, вчера околу 19 часот…

(Видео) Министерот и другар на Мицкоски почнува…

Министерот за социјална политика, демографија и млади…

72-годишен штипјанец отрул две кучиња, а едно…

Пензионер од Штип доби кривична пријава откако…