Десеттина бездомни кучиња отруени вчера близу училиште во Кичево
Десеттина бездомни кучиња се отруени вчера рано наутро во Кичево во непосредна близина на основното училиште „Санде Штерјоски“, пренесе СДК.
Пцовисаните кучиња биле подигнати околу 17 часот. Граѓаните ни кажаа дека вработени во Комуналното претпријатие биле повикани од дома за да ги отстранат пцовисаните кучиња откако на социјалните мрежи излегле снимки, оти беше неработен ден и претпријатието не работеше.
Кичевци згрозени велат дека со години се соочени со опасностите од уличните кучиња, но ниту еден не го оправда ваквиот чин. Претпоставуваат дека сторителот намерно одбрал неработен ден, кога децата не се на училиште, да за може да го изврши овој грозен чин.
Али Лена бил меѓу првите кој ги видел како умираат кучињата и како се борат со отровот во нивните последни мигови од животот. Обидите за помош биле безуспешни, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Кичево: 37-годишен маж загина во…
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
Малолетник се ранил со воздушна пушка додека…
Малолетник од Охрид се ранил себеси со…
Тешка сообраќајна несреќа кај Кичево: Се судриле…
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на…
Кучиња нападнале мајка со малолетни деца во…
Две кучиња нападнале мајка со дете во…