Десет кандидати во трка за претседателската фотелја во ДКСK
Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува дека постапката по овој оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори.
Во средата собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата одржа седница на која ја формира Комисијата за селекција на кандидати за претседател на ДКСК.
Формираната Комисија за селекција на кандидатите е составена од седум членови – Илбер Руфати, заменик Народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение односно фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото, односно членот во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество во областа владеење на правото и борба против корупција, Бардил Јашари, претставник на здружението односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери Стафаи од ВРЕДИ, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт.
Членовите на Комисијата за селекција се овластуваат да вршат обработка на личните податоци, при што се должни да обезбедат тајност и заштита на податоците согласно Законот за заштита на лични податоци, за што до Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе достават изјави.
Собранието на 1 август донесе Одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател на ДКСК откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на Обвинителството за гонење организиран криминал и обвиненијата за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени пет лица во Галичник, при претрес…
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до…
Драма во Пехчево: Маж седел со друга…
На 04.09.2026 во 10:59 часот во ОВР…
(Видео) Ужас на аеромитинг во Грција: Се…
Тешка авионска несреќа се случи во сабота,…
Приведени двајца Чеси во касарната „Илинден“ –…
Вчера во 16:30 часот во Касарна Илинден…
Полицијата приведе 16 возачи: 14 возеле без…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…