Објавено на:

“Десната рака” на Бајден си заминува од Белата куќа

t

Стивен Гепферт, личниот помошник на американскиот претседател Џо Бајден, ја напушта Белата куќа за работно место во Одделот за транспорт. Станува збор за лице од тимот на Бајден, кое беше до претседателот на САД на секој важен настан од првите месеци од неговата кампања за претседател во 2020 година, јави Си-ен-ен.

„Од кампањата до Белата куќа, Стивен Гепферт беше покрај мене. Во големи, мали и извонредни моменти, тој беше доверлив и лојален човек на кого сите сметаат и кој секогаш ги завршува обврските. Ќе ни недостига Стивен и мене и на Џил, но, ние сме горди што тој ќе продолжи да му служи на американскиот народ на неговата нова позиција во администрацијата Бајден – Харис, продолжувајќи ја својата кариера во јавна служба“, се наведува во соопштението на претседателот на САД.

Местото на Гепферт ќе го заземе Џејкоб Спрејер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…