Десподов: Ова не е само наша, туку победа на целата држава
Кирил Десподов, стрелецот на бугарскиот гол против Македонија по натпреварот изјави дека тоа е победа за целата држава.
Капитенот на гостинската селекција по една контра го совлада Столе Димитриевски. Тој момент беше доволен за трите бода да завршат на контото на нашиот источен сосед.
По натпреварот Десподов за медиумите изјави:
„Се радувам на победата, не само за нас, туку и за целата држава. Ова беше вистинско дерби. Им кажав на соиграчите да не паѓаат на провокациите во и надвор од теренот. Секогаш ќе има свирежи. Важно беше да останеме мирни и да ја играме нашата игра. На крај со еден гол стигнавме до три важни бода“.
Фото: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…