Детали за вчерашната престрелка во Белград: Македонскиот државјанин најверојатно е случајна жртва на нападот
Македонскиот државјанин Д.Л. (21), кој вчера вечер во 19 часот и 40 минути беше ранет во грбот на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки во Белград, најверојатно е случајна жртва на пукањето, пренесува српски Курир.
Во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а со два куршуми Д.Л. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.
-Ранетиот Д.Л го донел негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го сокрил и повикал полиција и брза помош. Тој со ранет другар се движел од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање.
Набрзо пристигнала брзата помош и полиција, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.
Ранетиот А.П е од криминално потекло, а во досието има дури 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво. За него е распишана потерница за издржување затворска казна.
Инаку, А.П. беше ранет пред шест години на речиси истото место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…