Детали за двојното убиство во Кратово: Жената ги убила сопругот и свекорот, телата се дадени на обдукција!

t

38-годишна жена со остар предмет ги убила сопругот и свекорот, телата на починатите се предадени на обдукција, велат од МВР за Инфомакс во врска со двојното убиство вчера вечер кое ја потресе Македонија.

– На 13.06.2024 во 22.08 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. – велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведена 41-годишна жена од Кратово поради напад…

Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако,…

Жител на Кратово алармира: Туристи плаќале и…

Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава…

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Приведен скопјанец, натепал полицаец по завршување на…

Вчера во Кратово бил уапсен скопјанец, откако…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…