Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 160.000 евра и пожар па граѓаните останале без струја
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за вклученост на уште едно лице во дејствијата на – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик, извршена во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.
Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека сега осомничениот, инаку вработен во МВР како полициски службеник, бил соизвршител на трите лица против кои беше покренато обвинение пред 10-тина дена.
Сите тие се товарат дека заедно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440 илјади евра.
Откако со апарат се уверувале дека каблите не се под напон, со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале каблите до влезот од тунелите. Поради нивните дејствија, на 9 април настанал и пожар во трафостаницата ТС Југ со кој била предизвикана и дополнителна штета на јавните инсталации за чие санирање биле потребни повеќе од 100 илјади евра, а не се реализирало и планираното производство и дистрибуција на електрична енергија кон крајните корисници на електрична енергија за период на санација на дефектите во вредност околу 60 илјади евра.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за овој осомничен. Тројцата негови соизвршители против кои претходно беше покренато обвинение исто така се обезбедени со мерка притвор по предлог на обвинителството, поради опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоци и ризикот да го повторат делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Би-Би-Си: Можеби доаѓа војна, дали сме психолошки…
Британската влада сака граѓаните да почнат да…
Ова се цените на горивата во Европа,…
Европските влади дискутираат за воведување на данок…
Виктор Стојанов најавува партија на Бугарите во…
Контроверзниот Виктор Стојанов најавува дека преку продажба…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…
Дрон погоди разладна кула на нуклеарната централа…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е…