Објавено на:

Детали за несреќата на патот кон Блаце: Автомобилите се судриле при претекнување колона, по тројцата исчезнати во Лепенец сѐ уште се трага

t

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на местото на кое попладнево се случи тешка сообраќајна несреќаи презема дејствија за утврдување на причините поради кои се случила, информираат од Обвинителството.

Како што веќе известивме, автомобил „БМВ“ од Косово паднал во надојдената река Лепенец, по што е спасен еден од патниците, додека по тројца вечерва и натаму трагаат екипи на полицијата, нуркачи и дронови.

„Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил „Фолксваген Туран’ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „БМВ“ со косовски регистарски таблички, кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец“, велат од ЈО.

Според „СДК.мк“, во „БМВ“-то патувало цело семејство од Косово, а непосредно по несреќата, од надојдената река е извлечено само синот, момчето од семејството, по чиишто тројца други членови вечерва во исклучително тешки услови продолжува интензивната потрага.

Од обвинителството велат дека причините за судирот по кој „БМВ“-то било истуркано во реката сѐ уште се утврдуваат, а на местото на несреќата вечерва е присутен и сообраќаен вештак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…

На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…

На 8 ноември 1906 година, во штипско…

Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…

Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…

148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…

„Вие само ќе треба да му кажете…