Детали за пукањето пред Ист Гејт Мол: Ранет е Раде Штекли уште едно лице е во критична состојба!

t

Како што дознава Инфомакс попладнево со автоматско оружје „Шкорпион“ е отворен оган во кругот на Ист Гејт Мол во Скопје.

Според инфромациите на Инфомакс цел на нападот бил Раде Штекли кој е ранет во пределот на градите, а неговиот сопатник е потешко ранет и е во животна опасност.

Во рок од неколку месеци веќе втор пат се случува обид за негово убиство, а она што е интересно е што се повторува на истата локација во кругот на Ист Гејт.

Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Во моментов во кругот на Ист Гејт Мол има поголемо полициско присуствуво кое го обезбедува периметарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…