Детали за разбојништвото во фабрика за производство на канабис во Македонија – приведени пет лица
Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално –технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26-ти ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.
Завчера и вчера (26.12 и 27.12.2023) полициските службеници лишија од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18).
Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот…
На Венко Филипче и СДС не може…
Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…
Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…
Путин по заканите од Естонија за војна:…
Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…
ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…
# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…
Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…
Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…