Детали за Србинот убиен во Камбоџа: Престојувал и во Македонија!

t

Убиството на Србинот Страхиња Дачковиќ во Камбоџа сѐ уште не е расветлено, а медиумите во таа земја пренесуваат непроверени информации дека се сомневаат дека делото го извршил извесен Американец. Дачковиќ, кој по потекло е од Брус, наводно бил со извесен американски државјанин вечерта кога бил убиен, пренесува српска „Политика“.

Семејството на Дачковиќ во Брус, како што дозна „Политика“, нема информации за причините за убиството на Страхиња. Во тек е многу комплицираната процедура за организирање на префрлање на телото во Србија, а најголемиот проблем е можноста убиениот да живеел во Камбоџа под друго име.

Се шпекулира дека Дачковиќ влегол во конлфикт со некој во Пном Пен. Наводно, неговата сопруга навела извесен Американец, но сѐ уште не се знае со сигурност. Медиумите објавија слики од Дачковиќ, на кои наводно се гледа и човек по кој полицијата трага под сомнение за извршено убиство.

Страхиња Дачковиќ одамна не живее во родниот град. Од Брус прво се преселил во Косово. Потоа заминал во Македонија, а оттаму во Германија. Од таа земја се преселил во Турција, а потоа стигнал во Тајланд, каде што се оженил. Оттаму се преселил во Камбоџа, каде што развил некој бизнис и наводно водел бар. Тој имал пријател од Ниш, јутјубер, кој повремено објавувал клипови со Страхиња.

Ова убиство се случило во саботата, пред хотел во главниот град на Камбоџа, кога Страхиња Дачковиќ бил погоден од три истрели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…