Објавено на:

Детали за трагедијата во Чаир: Син го усмртил таткото бранејќи ја мајката од напад – таткото тврдел дека е пророк

t

По семејната трагедија што синоќа се случи во Чаир, во која 31-годишен маж е осомничен дека со нож го усмртил својот татко, според информациите што ги објави „Алсат“, трагедијата се случила откако 52-годишниот Едем Лукмани, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга Хикмете Џемаили, при што, во обид да ја заштити мајката, нивниот син Бесарт Џемаили му нанел повеќе убодни рани со нож на таткото.

Осомничениот веднаш бил приведен од полицијата, а телото на починатиот било предадено на обдукција.

Порталот „Скопје1“ објави дека Едем Лукмани и претходно бил пријавуван за семејно насилство

Нивни извори од истрагата наведуваат дека психичката состојба на осомничениот подолг период била нарушена и дека тој во повеќе наврати ги принудувал членовите на семејството и блиски лица да постапуваат според неговите барања, тврдејќи дека е пророк.

Алсат објави и дека починатиот бил во постапка за промена на личното име. Тој поднел барање неговото име „Едем Лукмани“ да биде променето во „Авни“.

Осомничениот останува во полициски притвор, а истрагата за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…