Детали за убиството во скопско: Познат идентитетот на убиениот, можниот мотив е крвна одмазда

t

Двајца маскирани напаѓачи во возило „мерцедес“ со германски регистарски таблички утрото по 9 часот со автоматско оружје пукале кон џип „форд“ кој е пак со италијански регистарски таблички. Од истрелите од автоматското оружје веднаш починал 34- годишникот Абдуљ Басри Ибраимовски додека три години помалиот брат Зејнељ Ибраимовски со прострелни рани во десното рамо е пренесен на скопските клиники, објави АЛФА.

Полицијата била известена неколку минути по пукањето и веднаш излегла на терен. На местото на пукањето во близина на поштата и џамијата во скопско Батинци, докази собираше и обвинител.

„Денес во 9:25 часот било пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв“.

Мотивот засега е непознат. Постариот од браќата се поврзува со Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, добро познато име во криминалното подземје како Мали Репки. Од друга страна пак се шпекулира и дека станува збор за крвна одмазда за случај од пред 15-тина години кога било убиено дете, по што жртвите од денеска се криеле досега во Италија, пренесе АЛФА.

Полицијата трага по убијците, а дури и со хеликоптер го надгледуваше селото Батинци и околината.

„На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, стои во Билтенот на МВР.

Жителите не сакаат да коментираат, велат ниту виделе ниту ја слушнале пукотницата во која 34-годишен го загуби животот.

Како што велат очевидци, напаѓачите избегале кон село Драчевица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бигорски од заборав враќа во живот…

Бигорската обител, монасите и монахињите враќаат од…

Обид за убиство: Тројца тинејџери и маж…

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.М.(38),…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крваво момче лежи додека го…

Во терористички напад во трговски центар во…

СЕ ВРАЌААТ ТРИТЕ ВОЗА СКОПЈЕ-БИТОЛА: Еве кој…

Домашниот туризам традиционално бележи пораст во летните…

Русија го суспендира учеството во Парламентарното собрание…

Руските пратеници денеска изгласаа суспендирање на учеството…