Детали за убиството во Струмица: Меѓусемејна кавга заврши кобно, еден усмртен и тројца повредени
Полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш рано утринава ги лишиле од слобода М.Ј.(22), Р.А.(33), а претходно, околу 03.00 часот во с.Дедели, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово е приведена и Ј.Т.(44), сите од Струмица.
-На 05.07.2022 околу 19.30 часот, по претходна расправија поради нарушени меѓусемејни односи, на ул.„Бетовенова“ во Струмица, М.Ј. со остар предмет му нанел повреди на А.Б.(22) од Струмица, кој подоцна починал во Медицинскиот центар Струмица. Додека, Р.А., исто така, со остар предмет ги нападнал и повредил Б.Ј.(69), З.Б.(45) и О.Б.(20), сите од Струмица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица. Во нападот учествувала и Ј.Т., мајката на М.Ј., информира МВР.
Имено, по пријавување на случајот, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки, сторителите се лишени од слобода, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ј. и биле подигнати предмети поврзани со кривичното дело.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…