Дефиниција за неспособност: Повеќе од 8 часа прекин на сообраќајот – Патот Градско – Прилеп се уште затворен
Интензивно се работи на воспоставувањето на сообраќајот по поројните дождови со наноси кои од рано изутрината, повеќе од осум часа го прекинаа сообраќајот на патот Градско – Прилеп кај Фаришката клисура.
На теренот се екипите и механизацијата на компанијата „Синохидро“ за да се расчисти уништениот дел.
Како што објаснуваат од ЈП за државни патишта поплавена е девијацијата на патот Градско – Прилеп во делот каде се изведуваат градежните работи кај Фаришката клисура каде „Синохидро“ изведува градежни работи на експресниот пат, односно каде се пробиваат тунелите.
Сега со багери се пробива делот од стариот пат што беше затрупан за да се воспостави сообраќајот. Колоните возила чекаат да се оспособи патниот правец. Возачот на камион со приколка Љупчо Талевски од Битола вели дека од 6 часот изутрината чека да се оспособи патот.
-Од 6 часот изутрината чекаме. Водата и наносите од поројните дождови си го направија своето. таа си има свој пат, а тоа што го правеле како привремено решение не е со доволен испуст на вода. И сега чекаме да се оспособи, вели Талевски.
Најавите од ЈП за државни патишта се дека попладнево ќе биде оспособен патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата паѓаат трет ден по…
Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…
Секое десетто дете во Македонија било жртва…
Едно од десет деца (10% од децата)…
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна…
„Добредојдовте на еден проект којшто за сите…
СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата…
ДДВ за горивата да се намали од…
Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го…
Во моментов работиме на проширување на реформската…