Децата и адолесцентите добиваат бесплатно психолошко советување преку ИЈЗ
Во државата денеска официјално започна со работа првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков вид, кое ќе функционира како дел од Институтот за јавно здравје и ќе биде достапно за деца, тинејџери, родители и наставници.
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, истакна дека станува збор за единствен центар од ваков карактер во земјата, каде стручни лица ќе работат со младите и нивните семејства во справување со емоционални, семејни и лични предизвици.
„Стручни лица ќе работат со деца, со тинејџери, со родители и со наставници, за надминување на емоционалните, семејните и личните предизвици, ќе се водат разговори, ќе се даваат насоки, не само за надминување на проблемите, туку и за понатамошен емоционален развој, развој во комуникациски вештини и надминување на сите оние бариери со коишто се сретнуваат децата или проблеми во текот на живот во прдшколската, шкоската, училишната и нели во малце повозрасните. Тоа ќе можат сите овие категории да го направат со помош на мој термин и благодарност до фондот кој овозможи сите овие услуги да ги даваме како Институт за јавно здравје со тоа што не мора росителите, наставниците да чекаат во приватни вакви центри, да плаќаат многу скапо, на овој начин ќе им овозможиме да можат во секое време да дојдат и да ги скористат услугите“, вели Андоновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…