Децата и родителите тероризирани: Почнаа дојави за бомби и во основните училишта!

t

Инфомакс ексклузивно дознава дека дојави за бомби како што досега имаше пред се во средните училишта во Град Скопје се пристигнати на маилови и на основни училишта.

Имено се работи за основното училиште во општина Карпош, Петар Поп Арсов каде денеска е пристигната закана за поставена експлозивна направа во училиштето.

Како што дознаваме поради заканата евакуирани се учениците и наставниот персонал, а на терен е излезена и полицијата која ја проверува реалната закана на лице место.

Како што претходно објавивме на на меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа.

Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

32 бебиња се родиле викендов на ГАК!

Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…

Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…

Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…

Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…

Во пожар кој избувнал вчера во селото…

Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…