Деца исчезнаа на Дунав кај српскиот град Апатин, стотици луѓе вечерва ги бараат
Трескавична потрага вечерва е во тек на брегот на Дунав кај српскиот град Апатин, по две деца, на возраст од девет и десет години, кои исчезнале во близина на простор што го користел локалниот кајакарски клуб. Момчињата П.Б. (10) и А.М. (9) последен пат биле видени околу 14 часот и оттогаш им се губи секаква трага.
На брегот се пронајдени работи на исчезнатите деца – велосипеди и облека, што предизвика дополнителна загриженост, пренесува „Политика“
Покрај полицијата, ангажирани се и нуркачи за истражување на реката и околните места. Сепак, условите за пребарување не се поволни. Лошата видливост и високиот водостој на Дунав им отежнуваат на спасувачите брзо и ефикасно да ја пребараат реката, јавуваат српските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…