Објавено на:

Дејан Георгиевски освои бронза на Президент Купот во Турција

t

Maкедонскиот олимпиец, Дејан Георгиевски го освои бронзениот медал на Президент Купот кој се одржува во Турција.

Георгиевски претходно се пласираше во полуфиналето со победата против домашниот натпреварувач Демирчиоглу со 2:0 (6:4, 6:2).

Сепак, во полуфиналето Дејан беше поразен од Сисе од Брегот на Слоновата Коска со 2:0.

– Не постои потешка работа на светот од тоа да држиш континуитет со врвни резултати во олимписки спорт, такви спортисти се неколкумина на балканот а меѓу нив е и Дејан Георгиевски !

Никогаш не е наш стил да се жалиме пред борба, Деки пред денешните борби не тренираше 10 дена, само за да може да настапи денес. Тие 10 дена за темпирана форма значат премногу, и покрај тоа фуриозно ги поминавме светските таеквондо велесили Турција и Азербејџан, во тесна борба за финале за жал пораз од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска. – напишаа од Македонската таеквондо федерација на Фејсбук.

ЛИНК од објавата на Македонската таеквондо федерација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ