Дејвид Гета за Денот на независноста, со концерт во Скопје, влезот 35 денари
Настапот е закажан за 8 септември 2026 година во Национална арена „Тоше Проески“, а организацијата е во соработка меѓу Владата и Aвалон Продукција.
Бобан Милошески од Авалон најави дека во Скопје ќе пристигне спектакуларното шоу на Дејвид Гета со продукцијата „Монолит“, кое според него претставува едно од најголемите музички и продукциски шоуа во Европа.
Наместо класични билети, посетителите ќе плаќаат симболични 35 денари за регистрација, со цел да се почитуваат ограничувањата на капацитетот на стадионот. Едно лице ќе може да резервира најмногу две влезници преку електронска регистрација.
Организаторите очекуваат голем интерес и од регионот, а најавено е дека промоцијата на настанот ќе се реализира и во соседните држави.
Од Авалон Продукција информираа дека дополнителни информации за регистрацијата ќе бидат објавени на нивните платформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…