Дејвид Гета на Арената „Тодор Проески“ на 8 Септември, по повод 35 години независност на Македонија
Познатиот француски продуцент и ди-џеј Девид Гета, ќе гостува на Националната Арена „Тодор Проески“ по повод прославата 35 години од независност на Македонија. Ова на прес-конференција денеска го соопштија од Владата и од продукцијата Авалон.
Концертот ќе биде бесплатен, со регистрација од 35 денари, а секој ќе може да земе најмногу две влезници. Ќе биде дозволена регистрација и за посетители од странство.
Организатор е Аволон Продукција, а детали за регистрацијата ќе бидат објавени дополнително.
Сопственикот на продукцијата Бобан Милошевски изјави дека ова ќе биде најголемиот проект на „Авалон“ досега и дека шоуто во Скопје ќе биде идентично со настапите на Гета во Париз, Амстердам и Милано.
Покрај концертот на Гета, Владата најави уште два големи концерта и музичка програма во 11 градови со повеќе од 120 македонски уметници.