Дејвид Гир е против референдум: Таа иницијатива значи назадување

t

Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува, вели евроамбасадорот Дејвид Гир за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија.

-Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање, вели Гир во интервју за 360 степени.

Според него, Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Тој потсетува дека „добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ неколкупати кажа дека Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се имплементираат во добар дух од сите“.

Во котекст на скрининг-процесот, амбасадорот на ЕУ зборува за потребата од запазување на моментот со јулското отворање на преговорите, за обединување на сите домашни сили и фокусирање на заедничката цел – зачленување во ЕУ што е можно поскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Гир: Земјите кои сакаат да станат членки…

Евроамбасадорот Дејвид Гир попладнево во Собранието порача…

Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…

Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери…

Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не…

(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите…

Политичката партија Левица вчера до Собранието ја…