Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините поскапуваат за 2 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40%во однос на одлуката од 20.4.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,268%, кај дизелот има намалување за 3,760%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,528% и кај мазутот има зголемување за 1,117%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0452%.
Од28.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50(денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,656 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Maлопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 46,656 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија воведе забрана за извоз на дизел
Русија воведе забрана за извоз на дизел,…
Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензинот поскапува…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова…
Мицкоски најави поевтинување на дизелот за 6,5…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените…
Мицкоски: Имаме најниски цени на бензините, жители…
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука…