Објавено на:

Дизел, дизел, дизел: Трамп разговарал со Зеленски – овој збор бил повторуван цело време од американскиот претседател

t

Шефот на САД Доналд Трамп постојано му ја повторувал на Володимир Зеленски истата порака – Украина да престане да ги напаѓа руските нафтени рафинерии поради притисокот што тие напади го создаваат врз глобалниот пазар на дизел.

Според извор запознаен со нивниот последен телефонски разговор, еден збор особено често се слушал.

– Зборот ‘дизел’ беше спомнат многу пати за време на разговорот – рекол изворот за „Аксиос“.

Украинските напади во последните месеци сериозно го погодија рускиот рафинериски сектор. Половина од најголемите руски рафинерии за производство на дизел неодамна го намалиле или запреле производството, а нарушената понуда придонесува за притисок врз глобалните цени.

Трамп и претходно јавно бараше од Зеленски да ги запре нападите врз руската дизел-инфраструктура, тврдејќи дека недостигот на гориво му штети на светот.

Телефонскиот разговор завршил и со договор двајцата претседатели да се сретнат во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Зеленски оцени дека средбата би можела да биде значајна за дипломатските напори за завршување на војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…

Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…

Пожар во куќа во Карпош

Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…

Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…

Гласачи од дијаспората дошле со авион за…

Почина Самка Ибраимовски

Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…