ДИК: Завршија парламентарните избори – Азизи нов пратеник на местото на Касами

t

Државната изборна комисија (ДИК) донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата Европски фронт има осум мандати, Влен исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина еден.

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од Влен ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаб земјотрес во Охридско

Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0…

Жена обвинета за обид за труење колешка,…

Жена од Западна Австралија е обвинета за…

Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во…

Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска…

Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три…

Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани…

Забрана за пиење на водата од пет…

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…