ДИК, последни подготовки за прегласувањето во среда

t

.Државната изборна комисија е подготвена за прегласување на седумте избирачки места кое ќе се одржи на 22 мај. Изборниот материјал од економскиот оператор ќе биде доставен утре а се останато од технички и организациски аспект, како и во однос на надзорот се одвива непречено.

„Се е подготвено. Капацитетот на економскиот оператор е толку голем што доверливиот изборен материјал ќе биде готов во понеделник. За останатите технички и организациски аспекти, ДИК е подготвена за организација и непречено одвивање на изборите во 7-те релевантни прегласувачки центри“, велат од Државна изборна комисија.

Во Крушево ќе има прегласување на две избирачки места, додека во Охрид на едно избирачко место. Прегласување ќе има и во Долнени на две избирачки места, додека во рамките на петтата единица ќе се прегласува и во Струга.

Гласачко место: 1844 Струга
Гласачко место: 1272 Охрид
Гласачко место: 1202 Крушево
Гласачко место: 1194 Крушево
Гласачко место: 1470 Долнени
Гласачко место: 1470/1 Долнени
Гласачко место: 2101 Желино

Прегласување ќе има и во Желино, поточно во село Ларце на избирачкото место 2101 каде се констатирани изборни нерегуларности. ДИК јавно го отвори веродостојниот изборен материјал од кој се покажа дека во гласачката кутија има едно ливче повеќе а од останаитиот материјал недостасуваа три листа. Сомнежите беа дека на ова избирачко место се случил таканаречен „бугарски воз“ и затоа ДИК одлучи да ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН.

Управниот суд во петокот ги отфрли како неосновани сите тужби на Европскиот фронт против одлуките на ДИК за прегласување. Одлуката на ДИК и отфрлањето на тужбите од Управниот суд Европскиот фронт ги оцени како тенденција за етничка мајоризација. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети ги опиша како политички договор постигнат во црвени подруми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…

Изборите во Брвеница се и порака за…

Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…

Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…