ДИК ќе им префрли пари на 11 блокирани општини за членовите на ОИК и ИО за локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини коишто имаат блокирани сметки.
Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци, а средствата ќе бидат префрлени на наменските сметки на општините за локалните избори.
Како што објасни претседателот на ДИК Бојан Маричиќ, средствата на Државната изборна комисија и се префрлени со одлука на Влада.
Локалните избори во земјава се одржаа на 19 октомври, а на 2 ноември 2025 година се одржа вториот круг.
Повторени избори имаше во четири општини, меѓу кои и Гостивар, на 11 јануари годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицотакис за Македонија: „Нема суштински напредок во…
Мицотакис за Македонија испрати директна порака во…
Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…
Брка мигранти, пушта бомби од Вселената, а…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес е особено…
Јамајка поднесува петиција до кралот Чарлс за…
Јамајканската влада во понеделник ќе му поднесе…
Избија два нови пожари во Ѓорче Петров…
Тешка ноќ е пред скопските пожарникари, бидејќи…