Димитриевски во „Топ тема“: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишеме договор за владина програма и врз база на тоа ќе делуваме
Знам дека довербата кај граѓаните е нарушена, а очекувањата се огромни. Времето ќе покаже, тоа ќе го видиме уште во првите 100 дена од владата, рече Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Јас во оваа влада гледам енергија и гледам желба дека сака да се работи. Во претходната влада беше изгубена и енергијата, а да не зборувам за сите афери. Но, нема да зборувам за нив. Излеговме на избори, изгубија катастрофално. Сега доаѓа моментот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Влен и на ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ претходно направи договор со Влен, дополнително, значи не потпишавме договор, усогласивме владина програма за поддршка и со нас“, изјави Димитриевски.
Тој додаде сè уште нема најава за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
„Мислам дека нема да потпишеме договор, ќе потпишеме само Договор за владина програма. И тоа е тоа и врз база на тоа ќе делуваме“, истакна лидерот на ЗНАМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…