Димитриевски: Времето на изговори заврши, Македонија мора да се гради со работа, ред и одговорност

t

Движењето ЗНАМ нема да функционира само како нем набљудувач, туку ќе биде главен двигател и иницијатор на сите општествени трансформации во државата, порача лидерот на партијата, Максим Димитриевски. За време на панел дискусијата во Прилеп, одржана под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Македонија“, тој истакна дека нивното учество во владината коалиција е насочено исклучиво кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, а не кон борба за функционерски фотелји.

Според неговите зборови, партискиот караван е замислен како директен форум за разговор со јавноста, каде што отворено ќе се анализираат сите пофалби и сугестии од граѓаните. Од ЗНАМ нагласуваат дека во рамките на престојот во Прилеп, ресорните функционери и новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски ќе ги отворат сите клучни прашања што директно ги засегаат земјоделците и локалното население.

Паралелно со разговорите за владините политики, партискиот лидер се осврна и на последните кадровски оспукувања во своите редови, нагласувајќи дека мандатите на советничката во Прилеп и пратеникот Миле Цеков и законски и морално и припаѓаат на партијата.

Димитриевски во Прилеп уште еднаш го подвлече основниот мотив за партиципација во извршната власт:
„ЗНАМ вети дека не само што ќе биде коректив, туку и првенствено ќе биде и иницијатор на општествените промени во државата, со цел власта да им овозможи на граѓаните поубав живот, изјави претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во Прилеп каде партијата од владината коалиција ја одржува панел дискусијата под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Мкедонија“. Дојдовме да поразговараме со членовите, со симпатизрите на ЗНАМ во Прилеп. Кога решивме да бидеме дел од власта, рековме дека не се бориме за функции, туку, првенствено, за подобрување на животната состојба на граѓаните. Токму и целта на овој караван е да поразговараме со граѓаните, да ги слушнеме сите позитивни, но и негативни критики со цел каков придонес може да даде ЗНАМ во своето работење како партиципиент во власта. Ќе разговараме на поголем број отворени теми и повеќе сегменти од секојдневното живеење во Македонија. Придружуван сум од добар дел на носителите на јавни и на извршни функции и, секако, со новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски кој ќе поразговара со прилепчани на актуелните теми во земјоделството, рече Димитриевски.“
Прашан за одлуката на прилепската советничка од редовите на ЗНАМ која премина во независни советници, Димитриевски одговори дека граѓаните ги дале гласовите за политичкиот субјект, па оттука е неопходно таа да им ги појасни мотивите на своите гласачи.

„Лично, дамата – советничка не ја познавам. Жалам за нејзината одлука. Првенствено мандатот се добива преку политички субјект кој ја номинира и таа треба да им објасни на граѓаните и на членовите на партијата зошто решила да дејствува како независен советник. Како нова политичка партија, за нас, според мене, ова е својствено бидејќи не ги познаваме сите членови и симпатизери кои ни се приклучуваат. Таа треба на своите поддржувачи да им го даде вистинскиот одговор зошто донесла таква одлука. Најчесно би било не само таа, туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој е добиен преку партијата. Како и да е, ние не сме оптоварени со тоа прашање, рече Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…