Објавено на:

Димитриевски ги излуде ѕвездите на Барселона: Трет натпревар по ред не можат да му дадат гол!

t

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, со свое шоу го упропасти дебито на скапоплатените ѕвезди на Барселона во Ла Лига не дозволувајќи да се затресе неговата мрежа.

Во првото коло од новата сезона во Ла Лига, Барселона која во летниот преоден рок потроши 153 милиони евра за Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде (сè уште не е регистриран за настап) на „Камп Ноу“ одигра 0:0 против Рајо Ваљекано благодарение на Димитриевски кој правеше чуда на голот.

Ова е трет натпревар по ред на кој Димитриевски успева да ја зачува мрежата недопрена во дуелите со Барселона.

Барселона упати дури 21 шут кон голот на Димитриевски, но само на шест мораше да интервенира нашиот репрезентативен голман, додека на спротивната страна играчите на Рајо упатија само два шута на голот на Тер Штеген.

И покрај одличното издание, Димитриевски имаше и среќа бидејќи на Барселона и беа поништени два гола поради офсајд, а истото им се случи и на играчите на Рајо во последните моменти од натпреварот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Столе го сретна Буфон и доби…

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, на почетокот…