Димитриевски ги награди пожарникарите кои помагаа во Турција
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во општината се сретна со хероите пожарникари од ТППЕ Куманово кои после девет дена се вратија од спасувачката мисија од Турција.
„На Игор Кузмановиќ, Стефан Крстевски, Александар Денковски, Владица Младеновски, Душан Цаневски им доделувам пофалница и парична награда за вонредно залагање и постигнати исклучителни резултати во работење во висина од износ на платата која ја примиле во последниот месец пред доделување на наградата. Браво момци, достојно ја претставивте нашата општина и нашите вредности на хуманост и солидарност, постапувајќи со висок професионализам и безусловно помагајќи на нашите пријателски народи кога е најмногу потребно“, потенцира Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…