Димитриевски: ДУИ е газда на Македонија, СДСМ е приврзок
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски даде интервју за весникот „Вечер“ и вели дека оваа година, со прифаќањето на Францускиот предлог од актуелната влада, националниот празник Илинден ќе го пречекаме со едно горко чувство на неправда.
„За жал, Македонците и во 21 век сè уште се борат за своите правдини. Но, пострашно е што Македонците во 21 век се борат за основното човеково право, правото на припадност на одредена нација и правото на употреба на свој мајчин јазик. Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република се настани од поновата македонска историја кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава. За Македонија настапува еден турбулентен период, разединето општество, период во кој ни претстои борба за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и заштита на македонските историски настани и личности. Со еден збор, мораме да сториме сѐ за да ги зачуваме македонските национални и државни интереси“, потенцира Димитриевски.
Димитриевски кажа дека има контакт со раководството на СДСМ.
„Во СДСМ владее една мала политичка елита, која е базирана на клиентелистички основи, личен интерес, без државна и национална стратегија и единствена определба и визија е како да се зачуваат сопствените фотелји. Всушност, СДСМ не е вистинската власт, туку е приврзок на ДУИ, кој ги диктира политиките на владата и е грубо кажано газда во Македонија“, вели Димитриевски во интервју за „Вечер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен ветер со брзина над 80 километри…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен…
Трамп им се јави на европските лидери…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку телефон…
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…
Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…
„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…
„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…
Белата куќа побарала од Пентагон и од…