Димитриевски: Задоволен сум од платата, бидејќи од платата не живеам
Коментирајќи ги намалувањата на платите на функционерите, Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека нема ништо против да се намалат платите, но и дека има луѓе кои имаат голема одговорност, кои потпишуваат документи кои подлежат на кривична одговорност.
За себе, кажа дека не живее од платата, туку дека се занимавал со приватен бизнис, дека работел во странство и дека инвестирал и реинвестирал.
„Не сакам да бидам погрешно разбран, јас сум бил задоволен и сум задоволен од платата која ја примам, бидејќи јас од платата не живеам. Се занимавам со приватен бизнис од 1998 година, и поради полтиката го оставив тоа. Работев во странство, инвестирав и реинвестирав, и од политиката не живеам, и затоа сум слободен секому да му кажам тоа што мислам“, рече Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…