Димитриевски за пратеникот Цеков: Не направив партија за да исклучуваме членови
Осврнувајќи се на различните ставови на пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, партискиот лидер Максим Димитриевски изјави дека партијата останува отворена за внатрепартиска дебата и различни мислења, но, како што вели, со јасна граница за почитување на програмските определби и довербата на гласачите.
-Не направив партија за да исклучуваме членови, туку да привлекуваме и да го градиме демократскиот капацитет. Дебати може да има, сè додека не се злоупотреби довербата на граѓаните – изјави Димитриевски, испраќајќи порака дека различните ставови се дозволени, но не и отстапување од основните принципи.
Тој рече дека пратениците пред сè мандатот го добиваат од граѓаните, а потоа и од политичката партија, поради што секое евентуално отстапување од програмата мора да биде објаснето пред јавноста.
-Не можете никого да држите со сила. Кој сака може да си оди – нагласи претседателот на ЗНАМ, потенцирајќи дека политичката одговорност е лична, а довербата на гласачите клучна.
Инаку, Цеков неодамна изјави дека „лично нема ништо против“ и би гласал за евентуално внесувањето на Бугарите во Уставот ако се заштитени македонските национални интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…
Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
До 13 часот гласале речиси 28% од…
Вкупно 4.518 избирачи до 13 часот гласале…
Жител на Сарај претепан додека чекал со…
На 31.10.2026 во 20:15 часот во СВР…