Објавено на:

Димитриевски побара од Ковачевски да го отфрли францускиот предлог

t

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски испрати писмо до премиерот Димитар Ковачевски по повод францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и кревање на ветото. Според него, недозволиво е Македонија сè уште да не е запознаена со овој документ.

-Недозволиво е за решавање на бугарско-македонски спор кој најмногу ја засега Македонија поради отпочнување на пристапните преговори со ЕУ да не бидат запознаени пратениците од македонското собрание при постоење на заеднички донесена декларација за црвените линии на Македонија. Недозволиво е граѓаните секојдневно да слушаат невистини и навреди од страна на бугарски претставници, а Македонија, поточно членовите на Владата и надлежните институции сè уште да молчат по овој предлог, исто како што молчеа и за последниот случај со отворањето на Здружението на граѓани во Битола под името Ванчо Михајлов, кој бил потврден фашистички соработник, а целиот негов живот работел против македонската државност. Граѓаните треба да бидат информирани за сите разговори околу овој спор, за сè што се случува! Како премиер на сите граѓани во оваа држава имате обврска да им објасните на граѓаните што значи, но и што предвидува овој документ за Македонија, пишува Димитриевски.

Градоначалникот прашува „дали цената за отпочнување на преговорите, но и за влез во ЕУ е бугаризација на Македонија!?“.

– Почитуван претседател на Владата Ковачевски, доколку навистина работите во интерес на граѓаните, на државата, на нашата една и единствена Македонија веднаш отфрлете го францускиот предлог, затоа што тој документ предложен од Франција претставува дебакл за македонската дипломатија. А, со прифаќање на овој предлог дозволувате да биде менувана историјата на македонскиот народ, која досега има своја македонска историја, македонска култура, јазик и нација. Ја имате мојата поддршка за отфрлање на францускиот предлог, затоа што ние веќе имаме своја историја, која не треба да биде менувана со невистинити податоци со цел задоволување на потреби на одредени поединци. Македонија е сѐ што имаме, а само преку откажување на предлогот ќе покажете дека навистина работите за македонските државни интереси!, стои меѓудругото во писмото на Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…