Димитриевски против предвремени избори: Следува период на работа, а не на избори
„Следува период на работа, не на избори“.
Вака претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски коментираше во „Клик Плус“ на ТВ21 на прашањето дали треба да има предвремени парламентарни избори.
„Жалам што не бев на лидерската средба, иако ЗНАМ имаше претставник. Исто така одлично сум брифиран што се случуваше на таа средба. Дали ќе има денеска, утре парламентарни избори, нас апсолутно ни е сеедно. Ние како нов почлитички субјект, во секој момент сме подготовени да учествуваме на сите избори. Мнозинството тоа го дефинира, а тоа го има нашиот коалициски партнер. Следува период на работа, а не на избори. Создадовме една стара навика, кога има избори 2-4 месеци се стои во државата. Еве, сега доаѓам од состанок со едни од најголемите инвеститори во мојата општина, и токму тоа го нотиравме. Самата инвестиција доцни затоа што во перидот на изборите, државата не функционираше“, изјави Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крушевчанец приведен откако полицијата дома му нашла…
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…
Зеленски против избори за време на војна:…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето…
Трамп обвинет за можен судир на интереси:…
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на…
ДЗС: Ангажирани се сите ресурси за ставање…
На терен е ангажиран голем број екипи…
Двајца загинати и стотици илјади домаќинства без…
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична…